17.8 C
Скопје
22:09 - 1 мај, 2024

Откриено зашто Том Круз раскина со богатата Русинка: Еве ги деталите

Холивудскиот актер Том Круз очигледно нема среќа во љубовните врски, а тоа се потврди и со уште една разделба – овојпат од убавата Русинка Елсина Хаирова.

И додека многумина се прашуваат дали повторно скиентологијата е причина за разделбата, станува збор за нешто друго.

Имено, разделбата се случила, како што известива Пејџ сикс, поради поранешниот сопруг на Елсина, бизнисменот Дмитриј Цветков.

Елсина со поранешниот сопруг кој е од Санкт Петербург, Инстаграм

„Тој влезе во ‘филм’ и редовно коментираше во медиумите за секоја постапка на Том Круз или пак, за постапките на неговата поранешна сопруга“, вели изворот и додава дека „тие едноставно не сакаа да се расправаат со поранешниот сопруг на Елсина кој на секои неколку недели смислуваше нешто непријатно за нив“, рече инсајдерот.

Дмитриј Цветков, во интервју за Дејли мејл, го предупреди Круз дека неговата поранешна сопруга го сака луксузниот живот и дека ќе мора „да го држи својот паричник широко отворен“. Тој рече дека потрошил повеќе од 12 милиони долари на облека и околу 2,5 милиони долари на чанти за неговата поранешна сопруга за време на неговиот 11-годишен брак, а со разводот изгубил речиси 200 милиони долари.

Елсина Хајрова е ќерка на познатиот руски политичар Ринат Кајров и поранешна сопруга на бизнисменот со дијаманти Цветков. Гласините за аферата на Том Круз со Русинка се појавија во декември минатата година. Актерот и поранешната манекенка се фотографирани на таен состанок во Лондон. Според новинарите, Том Круз ја запознал својот нова љубовница на неделна чајна забава, која се одржала во неговиот пентхаус во Хајд Парк.

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....