ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните ќе можат да подигнат лични документи и на денот на гласањето

Граѓаните ќе можат да ги подигнат готовите лични документи и в среда, на 24 април, на денот на одржувањето на првиот круг од претседателските избори.

Ова денеска го соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), посочувајќи дека скопјани ќе можат личните карти да ги подигнат и во полициските станици.

„Во пресрет на претстојните претседателски избори што ќе се одржат во среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 година ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 8 до 19 часот“, информираат од МВР.

На почетокот на месецот од МВР соопштија и дека граѓаните што наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ќе може да се фотографираат за лични документи без да имаат закажан термин. Целта, како што рекоа од МВР, е тие лица навремено да добијат документи за да можат да го остварат своето право на глас на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button