Бајден за Трамп: Јас сум возрасен маж, се кандидирам против шестгодишно дете

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Џозеф Бајден (81) ја искористи традиционалната гала вечера со новинарите одржана во саботата за да го нападне својот републикански ривал Доналд Трамп (77) за незрелост и се пошегува на сметка на сопствената напредна возраст, пренесува Си-Ен-Ен.

„Да, возраста е проблем. Јас сум возрасен маж и се кандидирам против шестгодишно дете“, рече Бајден, кој го нарече Трамп „заспаниот Дон“.

Говорејќи пред речиси 3.000 новинари, јавни личности и политичари, Бајден, зборувајќи за Трамп, додаде: „Годините се единственото нешто што ни е заедничко. Мојата потпретседателка всушност ме поддржува“.

Слични содржини