Breaking News

Њујоршката полиција упадна во кампусот на Колумбија и упаси десетици лица


Полицијата во Њујорк со дозвола од Универзитетот Колумбија упадна синоќа во универзитетската зграда Хамилтон хол заземена од активисти кои протестираат против војната на Израел во Газа.


Универзитет е лоциран во центарот на Њујорк во близина на Менхетн.


Полицијата упадна преку вториот кат од зградата со помош на поставена рампа и растури толпа од околу 200 активисти, по што пред влезот на Универзитетот дојдоа неколку полициски автобуса да ги транспортираат лицата кои беа уапсени за време на упадот.

Од извештаите се дознава дека се упасени десетици демонстранти, но и дека многумина од нив не се студенти. За време на упадот полицијата употребила шок-гранати.


Од Колумбиски универзитет изјавија „откако холот беше окупиран, вандализиран  и блокиран, ние немавме друг избор“.

-Некаде кај 9 часот вечерва полицискиот оддел на Њујорк пристигна во кампусот по барање на Унверзитетот.


Одлуката е донесена да се обнови безбедноста и поредокот во нашата заедница, изјавија од Колумбија.

„Си-ен-ен“ дозна дека администрацијата на универзитетот дозволила присуство на њујоршката полиција на кампусот до 17 мај, два дена по прославата со дипломирањето на студентите од четврта година.


Во повеќе универзитети во САД се одвиваат студентски протести со барања да се бојкотираат компаниите и лицата поврзани со Израел и неговата војна во Газа.

Колумбија ги предводи овие протести откако пред две недели постави камп со шатори во дворот на оваа престижна високообразовна институција.

Раководството на Универзитетот по повеќедневни преговори побара растурање на кампот.

Претседателот Џо Бајден синоќа изјави дека демонстрациите треба да бидат мирни, а „насилно заземање на згради не е мирен протест, тоа е погрешно“. кб/рп/  .

Извор: МИА