Македонија претседателски избори 2024

Андоновски: Дали преку сертификатите за политичари Бујар Османи води внатрешна битка во ДУИ?

Во вечерашното гостување на Алфа ТВ, во емисијата „За или против“, дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски говореше за изборите кои што ќе се одржат оваа година, коментирајќи дека единствениот избор оваа година е повеќе од јасен, а тоа е глас за кандидатот за Претседател на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова.

Андоновски: Дали преку сертификатите за политичари Бујар Османи води внатрешна битка во ДУИ?

Андоновски истакна дека Силјановска е успешен човек и почитуван низ светот, додека од другата страна ги имаме Пендаровски и Османи. „Пендаровски изминатите 5 години човекот ниту нешто има спроведено, ниту пак задржа еден конзистентен став. Таков беше ставот за уставните измени со Бугарија. Велеше дека не постои човек кој ќе гласа уставни измени, за потоа да рече дека тој бил авторот на Францускиот предлог и дека треба да се гласаат уставните измени“, потенцираше Андоновски.

За Бујар Османи, Андоновски искоментира дека имал интересна препорака, а тоа е ветинг за политичарите од меѓународен борд, кој би определил дали тие смеат да се занимаваат со политика или не. „Ме интересира дали Рамиз Мерко ќе биде сертифициран политичар или не, или пак, Исмаил Јаховски, познат како „Пуцко Петрол“ или пак Крешник Бектеши и Артан Груби.“ Андоновски коментираше дека најверојатно се работи за внатрепартиска битка на Османи, затоа што сака да се заштити од својата конкуренција и да остане во раководството на ДУИ. „Не гледам како ќе се сертифицираат, кога членови на нивната партија и коалицијата се на црна листа на САД“, дециден беше Андоновски.

„Османи со голема самодоверба зборува дека е Претседател на половина свет, дека ја внесол Македонија во НАТО, дека бил автор на клучните договори. Човекот како лекар си зема преголем кредит што претходната Влада на Ковачевски и Џафери, кои што сите работи тој си ги презема дека ги направил, значи било “one man show“, појасни Андоновски.

Андоновски говореше и за лошото владеење на ДУИ во државните институции, каде што е јавна тајна дека треба да платите за да добиете еден обичен документ кој ви следува како граѓанин. Меѓутоа, според Андоновски, ова е одлика на политиките на Османи и ДУИ, кои што не се во интерес на државата. „ Кога Османи зборува за борба против корупција, мислам дека тој зборува за неговите луѓе кои што се корумпирани и се на првите линии во државните институции“, истакна Андоновски.

Според Андоновски, решението за проблемите со ситната и крупната корупција е во дигитализацијата на процесите, на кои ДУИ се спротиставува.

Најнови вести од Македонија

To top