Вести Свет

Еруптираше вулкан, на островот во Индонезија

Вулкан на индонезискиот остров Сула- веси, еруптираше денеска, поради што властите наредија евакуација на 11.000 жители.

Вулканот во Индонезија исфрла чад и пепел, а експертите предупредуваат за можно цунами доколку вулканот почне да исфрла магма.Вчера имаше пет помали ерупции, кои денеска кулминираа во досега најсериозната ерупција, која локалните жители ја паметат.

Центарот за вулкани и геолошки катастрофи издадоа хитно предупредување од највисок степен. Индонезија се наоѓа на т.н Огнен прстен, кој се протега низ Тихиот океан во јужната хемисфера.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија го одбележува 5 мај – Денот на македонскиот јазик

Дејан Дејан

Митрески: Заедно и сплотени против сите предизвици и искушенија

Дејан Дејан

Велигден со пораки за здравје, љубов, меѓусебна почит и обединување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе