Вести Македонија Топ вести

Петнаесет работници загинале, 93 биле повредени на работни места лани

Петнаесет дрвца, по едно за секој згаснат живот на работно место во 2023 година. Македонското здружението за заштита при работа симболично засади садници во парк во Аеродром, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа. Во Макеоднија се гине на работното место, велат од здружението, посочувајки ги статиските од годишниот извештај за 15 загинати и 93 повредени работници

Во Скопје лани загинале тројца рабтници, по двајца во Тетово, во Куманово, во Струмица, во Охрид. Скопје е на врвот и по бројот на повредени – 30 работници за една година. Зад него се Куманово со осум и Гостивар со седум.

Најмногу смртни случаи имало во градежништвото, а најмалку повредени во преработувачката индустрија. Негрижата, неказнувањето на оние кои не ги почитуваат законите, како и недостаток на анализа за причините кои довеле до тоа, се главните пречки за безбедноста на работниците, смета Петковски.

Правдата за повредените или загинати работници бавно доаѓа. Судските процеси траат многу долго, вели Петковски.

Денешниот ден, 28-ми април е Светски ден за безбедност и здравје при работа. Во фокусот на овогодинешното одбележување е влијанието на климатските промени врз работните места и потребата за градење на посоодветни системи за безбедност и здравје при работа за заштита на здравјето на работниците.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе