Connect with us

Домашни банки

Д-р Билал Суџубаши и во наредните две години ќе ја извршува функцијата Главен Извршен Директор на Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Г-дин Билал Суџубаши и во наредните две години ќе продолжи да ја извршува функцијата Главен Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје.

Согласно Решението на Гувернерот на Народна банка на Р. Северна Македонија издадена е согласност за реименување на г-дин Билал Суџубаши за период од 2 години.

Од 26.12.2017 година, Д-р Билал Суџубаши ја извршува должноста Претседател на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје.

Во Халкбанк во Турција се вработил како службеник, а со текот на годините ја градел својата кариера, при што извршувал повеќе раководни функции од заменик раководител до Директор за корпоративен маркетинг.

Во нашата земја Халкбанк АД Скопје е една од петте најголеми банки. Постигнува солидни резултати, има доверба кај клиентите и игра значајна улога на домашниот банкарски сектор.

Домашни банки

Двајца уметници од регионот победници на НЛБ Муза, повикот на НЛБ Групацијата за интермедијална уметност

Објавено

на

Помеѓу 15 февруари и 21 март 2024 година уметници помлади од 35 години од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово имаа можност да се пријават на меѓународниот јавен повик за интермедијална уметност на НЛБ Групацијата, наречен „На раскрсница“. Свои уметнички дела доставија 83 уметници од сите пазари каде што работи НЛБ Групацијата, а меѓународното стручно жири избра дела на двајца уметници од регионот, кои ќе бидат изложени на отворањето на изложбата во новата галерија „Банкариум“ во центарот на Љубљана, на почетокот на следната година.

На повикот се бараа уметнички дела што одговараат на концептот на уметничката колекција на ЈИЕ, која ги претставува различните култури, идентитети и сеќавања кои со текот на времето ја обликувале заедничка историја во регионот. Колекцијата има за цел да го подобри разбирањето и знаењето за различните културни и општествени средини, да промовира толеранција и различност, а во исто време да раѓа нови одржливи идеи и акции со различни изрази на современата уметност.

Автор на прво-избраното уметничко дело со наслов „Од присуство до сеќавање и назад“ е Аријана Кадиќ од Црна Гора. Станува збор за уметнички перформанс во кој уметникот користи наследен тепих како централен елемент, кој делува како портал што ја поврзува со нејзините предци, како мост помеѓу сегашноста и вечноста. Автори на второто уметничко дело, се Далеа Ковачец и Марко Дамиш од Словенија со нивната интерактивна инсталација насловена „Од раѓање до бајт: генеративен животен пејсаж“. Станува збор за инсталација која користи камери, екрани и огледала за да прикаже разновидна палета на лични, директни наративи на социјалните мрежи, прикажувајќи го широкиот спектар на човечкиот живот од раѓање до смрт.

Меѓународното стручно жири на конкурсот во состав: Тевж Логар – независен кустос, уредник и писател, претседател на Уметничкиот совет на НЛБ, Мира Гаќина – историчар на уметност и критичар, кустос, член на Уметничкиот совет на НЛБ, Ана Херман – проект менаџер за комуникации во НЛБ и Матко Миоч – директор на НЛБ Културно наследство го аргументираше изборот на делата:

„Решивме да ја поканиме уметницата Аријана Кадиќ да изложи во нашата галерија поради личната наративност на уметникот. Нејзината приказна е длабока и автентична, рефлектирајќи вистинско човечко искуство што може да зборува за пошироката публика и да создаде силна емотивна врска. Од друга страна, работата на Далеа Ковачец и Марко Дамиш е елоквентна и многу актуелна. Оваа способност овозможува директна интеракција помеѓу уметничкото дело и гледачот, создавајќи динамично искуство кое постојано се менува и се прилагодува според сегашните податоци и околности“.

Инаку, Групацијата НЛБ не е само водечка банкарска и финансиска групација со седиште и ексклузивен стратешки интерес во Југоисточна Европа, туку и важен поддржувач и покровител на регионалната култура и уметност. НЛБ МУЗА, програмата за културно наследство на НЛБ се состои од уметнички и музејски збирки, како и музеи и галерии на НЛБ Групацијата. Колекцијата SEE Art, која е основана во јануари 2023 година, е дел од програмата на НЛБ МУЗА. Со нарачка, купување, презентирање и промовирање на современата уметност, НЛБ Групацијата станува нејзин главен поддржувач и партнер во Југоисточна Европа. Во оваа прилика, НЛБ Групацијата упатува благодарност до сите уметници кои учествуваа на повикот, како и на стручното жири за нивната посветена работа.

Продолжи со читање

Домашни банки

ПроКредит Банка АД Скопје издаде нова емисија на акции во вредност од шест милиони евра

Објавено

на

ПроКредит Банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 6.000.000 евра.(повеќе…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка започна со исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка денес на ден 05.03.2024 година започна со исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно