Англија
Британски милијардер одбил да го купи Ливерпул и ќе се фокусира на Манчестер Јунајтед
Сценариото дека Ливерпул и Манчестер Јунајтед ќе бидат на продажба во ист момент беше нереално до пред неколку недели, но славните англиски клубови многу скоро може да добијат нови сопственици.
Газдите на премиерлигашите потврдија дека се отворени за влез на нови инвеститори, а во овој процес се вклучени и реномирани банки, кои претходно му помогнаа на Челси да дојде до наследник на Роман Абрамович.
Ливерпул веќе му бил понуден на британскиот милијардер Џим Ретклиф, но тој одбил ваква опција и ќе се концентрира на евентуално купување на Манчестер Јунајтед.
Иако и Ливерпул е профитабилен бизнис, Ретклиф сега размислува само за Јунајтед бидејќи е голем фан на овој клуб, па нема да биде изненадување ако дојде до акциите на „црвените ѓаволи“.
Сопственикот на гигантот „Инеос“ веќе раководи со францускиот прволигаш Ница, а имаше обид да го купи и Челси, потег кој го објасни со фактот дека тогаш не очекувал дека Јунајтед ќе биде достапен во брзо време.
-
НБАпред 20 часа
Денвер повторно ги преслуша Лејкерс, Ембид броеше до 50 во триумфот на Филаделфија
-
Шпанијапред 15 часа
„Мундо Депортиво“ објави ново видео и заклучи: Барселона е оштетена за чист гол (Видео)
-
Формула 1пред 16 часа
Голем удар за Ред Бул: Адријан Њуи најавил дека планира нов предизвик
-
Шпанијапред 13 часа
Промена во последен момент: Белингам во составот, друга ѕвезда на Реал отпадна за дуелот со Сосиедад
-
Англијапред 20 часа
Гвардиола не се согласува со Клоп и Ван Дајк и одговори со различен став
-
Англијапред 17 часа
Кулушевски доби најдобар можен роденденски подарок (Фото)
-
Македонијапред 19 часа
Анализа по првиот настап: Можеме и подобро, свежа мотивација за Золдер!
-
Италијапред 19 часа
Јувентус договорил нов голман, наследникот на Шчесни ќе биде Италијанец