Поврзете се со нас

Италија

Гали: Новиот тренер на Милан ќе добие протекција од Ибрахимовиќ

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wolves

Италијанската јавност се погласно зборува за најавениот нов тренер на Милан, кој по се изгледа ќе биде шпанскиот стручњак Хулен Лопетеги кој реши да си замине од Вулверхемптон минатото лето.

Поранешниот шпански селектор се издвои како главен кандидат на „росонерите“ во изминатите неколку дена, а како што јавуваат угледните медиумите од „чизмата“, преговорите се во напредна фаза и имаат посакуван тек.

Најдалеку во прогнозите оди познатата „Газета“ која вели дека Лопетеги е прв избор на сите важни директори во Милан, вклучувајќи го и Златан Ибрахимовиќ кој од пред неколку месеци се врати во клубот.

Познатиот италијански весник побарал одговори и од легендарниот Филипо Гали, поранешниот дефанзивец кој цели 14 години го носеше дресот на миланскиот великан (од 1882 до 1996).

– Теренот ќе каже дали Лопетеги е добар избор на клубот. Ако се гледа реално, не му одеше баш најдобро во Порто и во Реал, но како шпански селектор беше одличен, а играше и спектакуларен фудбал како тренер на Севилја. Ако Милан бара трернер со искуство и со квалитети да тренира млади фудбалери, тогаш Хулен е интересен профил за нив.

– Сметам дека Милан одлучи да направи чекор напред, циклусот на Пиоли заврши и сите се свесни за тоа. За жал, резултатите не се посакуваните и тоа секогаш го плаќаат тренерите. Како и да е, не очекувам да му биде лесно на Лопетеги, има искуство, но не ја познава Италија. Тука се игра тактички и стратешки фудбал, може да има проблеми на почетокот.

– Најважно од се е што ова е избор на сите директори во Милан, а очигледно Ибрахимовиќ е на врвот на пирамидата. Ако е така, немам никаков сомнеж: Ибра ќе биде протекција за Лопетеги и ќе му обезбеди најдобри услови, – вели Гали во интервјуто за „Газета“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни