Започна втората фаза за поплочување на улиците во автентичен стил во штипско Ново Село

Започна втората фаза од реализација на проектот за попличување на улиците во автентичен стил во штипско Ново Село. Во наредните неколку месеци ќе се работи на овој проект со кој неколку улици ќе бидат поплочени со камени плочи со што ќе ја зачуваат автентичноста. За оваа инвестиција се одвоени нешто помалку од осум милиони денари.

„Ја користам приликата да ја најавам втората фаза од реализацијата на проектот за поплочување на улиците во Ново Село во автентичен стил. Станува збор за поплочување на улиците „Ѓуро Ѓаков“, „Сане Малинов“ „Никола Карев“, дел од улица „Димитар Влахов“ кои се проект на Општина Штип. Станува збор за инвестиција вредна нешто помалку од осум милиони денари“ – кажа Јорданов.

По завршување на поплочувањето на улиците од страна на општината ќе се пристапи кон реализација на проектот за уредување на фасадите на одредени објекти и куќи на самите улици, а ќе се работи на реконструкција на бања Кежовица и изворот Лџи.

Лаура Стојанова М-Нет