Бизнис

ВО ЕСЕН ОДРЖАН НАЈГОЛЕМИОТ САЕМ ЗА ДРУШТВЕНИ ИГРИ, Во Германија секоја година се продаваат околу 70 милиони друштвени игри

06.10.2024

На годинашниот најголем светски саем на друштвени игри во Есен се очекува да има рекорден број на посетители. Влезниците на првиот ден од одржувањето на саемот (во четвртокот минатата недела) беа распродадени.

Организаторите очекуваат до затворањето на саемот  кој е отворен до денеска да го посетат 200 илјади љубители на друштвени игри, пренесе „Бизпортал“.

За прв пат годинава изложбениот простор во сите шест хали на сајмот беше распродаден. На саемот ќе бидат присутни 923 излагачи од 52 земји, соопшти издавачот Мерц.

Бројот на излагачите годинава е намален, но затоа големите издавачи на забавни игри го проширија својот изложбен простор.  

Пазарот на друштвени изгри, според податоците на Здружението на издавачи на игри, по десет години забрзано арсте. Од јануари до август годинава оваа индустрија забележа поскромен раст од 0,9 отсто.

Во Германија, според достапните податоци, секоја година се продаваат околу 70 милиони друштвени  игри.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО