📷Обновена Kia K9

од Vladimir Zorba

Во март 2018 година, Kia ја промовираше втората генерација на луксузниот седан K9, а потоа во јуни 2021 година пристигна неговата рестилизирана верзија, а сега е подготвен уште еден суптилен фејслифт за новата моделска година.

Се издвојуваат изменетата предна табла, новиот дизајн на 19-инчните алуминиумски тркала и новата Pebble Grey боја.

Исто така, кабината сега може да биде опремена со нови теми како што се Martian Brown или Misty Grey. Има и инфозабавен систем со екран од 14,5 инчи, head-up дисплеј, подобри материјали и подобрена звучна изолација.

Додадена е и технологија „After Blow“ и нејзината улога е да ја суши кондензацијата што се создава при користење на клима уредот за да се спречат непријатните мириси. Откако моторот ќе се исклучи околу половина час, After Blow автоматски се активира 10 минути за да се исушат вентилационите канали. Функцијата останува оневозможена кога надворешната температура е ниска, како и кога системот за климатизација не е користен долго време.

Други промени вклучуваат функција за масажа и за совозачкото седиште, USB-C порти напред и назад, како и апарат за гаснење пожар.

Исто така, сега има повеќе стандардна опрема отколку порано, додека повисоките нивоа на опременост доаѓаат со функции што претходно беа понудени како опции.

Kia наведува дека преку 5 метри долгиот K9 комбинира софистициран надворешен дизајн, одлични перформанси, како и пространа кабина со луксузни материјали, елегантен стил, нови технологии и подобрен комфор (што се однесува на меѓуоскиното растојание, тоа е 3105 mm).

Kia продолжува да го нуди својот врвен модел со погон на задните и сите тркала, заедно со 3,3-литарски турбо и 3,8-литарски атмосферски V6 мотори.

Цените во Јужна Кореја се движат од 43.800 до 64.200 долари.

Слични содржини