Почина менаџерот и урбаната легенда Џаро

Денес, на 75 годишна возраст, по кусо боледување почина легендата Велибор Џаровски-Џаро, откако пред еден месец имаше мозочен удар.

Џаро беше еден од најпознатите менаџери на просторите на поранешна Југославија, низ годините организирал повеќе од 5.000 концерти, и секогаш бил почитуван од страна на музичките ѕвезди со кои соработувал, а голем дел од нив му беа и пријатели.

Во својата долга кариера тој соработуваше со најголемите југословенски ѕвезди, но беше познат и како „крал на местенките“ во фудбалот, нешто за што и самиот отворено зборуваше.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави