Македонија

Ковачки до премиерот: Не е првпат Груби да не се поклонува при оддавање почит

Ковачевски, кога веќе лажно оддаваш почит на тој со кој правиш пазар со Бугарите, внимавај на изборот на делегацијата што ја водиш, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

“Ова не е првпат првиот ви вицепремиер Артан Груби да не се поклонува при оддавање почит.
Не е важно што со тоа ве понижува вас кои сте со него во делегација, туку што Вие како негов претпоставен дозволувате да го понижува најсветлиот лик од македонската историја.
Ковачевски, во Ваше присуство дозволувате Вашиот заменик да се подбива со сите Вас а со тоа и со цела нација.
Вие со Вашиот однос и субмисивност сте елементарна непогода после која мора да имаме генерално чистење и средување”, додава тој.

На почеток