Англиски и француски екипи се заинтерсирани за ангажман на Де Јонг

Челзи, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, во летниот преоден рок, ќе влезат во трката за потписот на играчот од средниот ред на Барселона и на селекцијата на Холандија, Франк Де Јонг, пишува денеска – „Sport.es“.

Според изворот, Каталонците сакаат да заработат најмалку 100 милиони евра од продажбата на 26-годишниот фудбалер.

Де Јонг неодамна изјави, дека не е задоволен од минутажата и дека нема ништо против да си замине од стадионот – „Камп Ноу“. Тој во 2019 година дојде во Барселона од Ајакс за 86 милиони евра. Договорот на играчот со актуелниот клуб е валиден до крајот на јуни 2026 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО