Search

Јамајка ја призна државата Палестина

Владата на Јамајка објави дека донела одлука да ја признае државата Палестина поради загриженоста за конфликтот во Појасот Газа и хуманитарната криза во палестинската енклава.

„Оваа одлука е во согласност со силната посветеност на Јамајка кон принципите на Повелбата на Обединетите нации, кои се обидуваат да поттикнат меѓусебно почитување и мирен соживот меѓу државите, како и признавање на правото на луѓето на самоопределување“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Јамајка.

Досега, покрај Јамајка, палестинската држава ја признале и 140 земји од ОН.

Министерката за надворешни работи на Јамајка Камина Џонсон Смит изјави дека нејзината земја сака „мирно решение на израелско-палестинскиот конфликт преку дипломатски дијалог, а не воена акција“.

Треба да знаете
Последни објави