Пендаровски: Со оваа опозиција до крајот на векот не можеме да станеме членка на Европската Унија

од Симе Стоиков

„Без промена на Уставот не можете да продолжите со преговорите. Тоа е проблемот. Сите се овие прекрасни предлози. Бугарија да признае дека таму има Македонци, јас прв поддржувам, меѓутоа, Европа ни вели, сите ни велат дека без да го промените Уставот, не можете да одите кон втората конференција. Ние сме сега во ситуација да чекаме следна бугарска влада и нашата следна влада македонска со нивната да преговара нови услови и Бугарија да се согласи да прифати некои пресуди од Стразбур“, рече претседателот Стево Пендаровски во првата претседателска дебата со противкандидатката Гордана Силјановска Давкова пред вториот круг на „Клик Плус“ на ТВ21.

Тој ја праша противкандидатката дали има ВМРО-ДПМНЕ гаранција од Европа дека тоа може да се направи.

„Практично, нови генерации на изгубено време. Опозиција како вас вели ние ќе репреговараме и Европската преговарачка рамка, ние знаеме како, а прво ќе собереме експерти и правници со меѓународно реноме и тие ќе ни помогнат“, заклучи Пендаровски.

Тој додаде дека сегашната опозиција ако утре биде власт, дури и ако остане во опозиција, нема да стигнеме ни до 2050 да бидеме членки.

„Во овој момент имаме и други слабости кои се детектирани неспорно од Европската комисија, меѓутоа во овој момент треба да го надминеме само овој проблем со уставните промени. Со оваа опозиција до крајот на векот не можеме да станеме членка на ЕУ“ заклучи Пендаровски.

Слични содржини