БАБА МАРТА НИ ПОКАЖА ДЕКА ЗИМАТА СЕ УШТЕ ТРАЕ!

91
ФОТО: pexels.com

По врнежите во текот на денешниот ден, од утре следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност.

Токму поради разведрувањето, утрата ќе бидат значително постудени, особено утре и во четврток кога минималните температури на повеќе места ќе се спуштат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека на високите планински места тие ќе се спуштат и под -5 степени, пишува Славчо Попоски во најновата метео анализа.

Сепак максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во пораст и во следните денови речиси насекаде тие повторно ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе се искачат и до околу 15 степени.

Во централните и во југоисточните предели температурата ќе се искачи до близу 20 степени.
Поради ниските температури наутро, на повеќе места во регионот, како и во Македонија се очекува појава на мраз, кој секако особено лошо ќе се одрази врз веќе расцветаните овошки.

Времето утрово воУтрото студено, преку денот сончево со појава на мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, пишува Попоски.
Утре календарски почнува пролетта

Во Македонија, како и во остатокот од Европа, пролетта официјално започнува на денот на рамноденицата, односно кога денот и ноќта се со иста должина. Годинава пролетта ќе започне на 20 март, точно во 04.06, а ќе трае до 20 јуни кога започнува летото. По зимата, часовникот се движи кон летно сметање на времето.

Додека на северната хемисфера е пролет, на јужната хемисфера е есен и обратно, така што нема датум за почеток на оваа сезона кој би бил универзален за сите делови на светот.

Пролетта започнува во Македонија секоја година со преминувањето на Сонцето на северната хемисфера. На тој ден сонцето ќе изгрее на исток и ќе започне рамноденицата, односно и денот и ноќта ќе траат точно 12 часа.