Вести Македонија Топ вести

Комарците ќе касаат без контрола ако нешто не се преземе – Град Скопје поништил дел од тендерот за прскање

Пред три дена Град Скопје поништил дел од тендерот за прскање против комарци. На Електронскиот систем за јавни набавки е објавен официјален документ со информација дека се поништуваат два дела од тендерот за превентивна дезинсекција против возрасни форми на комарци и против ларви од комарци.

Како причина за поништување на постапката е наведено дека не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда.

Според неофицијални информации до кои дојде Телма, станува збор за поништување на делот кој се однесува на прскањето против комарци од земја и делот за средствата за прскање.

Нема измени во делот за прскање од воздух.

Од Центарот за јавно здравје – Скопје велат дека сѐ уште не доцна, но набрзо ќе дојде периодот кога комарците ќе бидат размножени и ќе нема што да се направи во таа ситуација.

„Јас сепак мислам дека со оглед на временските услови ние сѐ уште имаме време за извршување на прскање од земја затоа што времето е нестабилно, има врнежи и таквите се најавите и за во следниот викенд. Меѓутоа, после тоа се надевам дека времето ќе се стабилизира и неколку дена ако има високи температури, отприлика 5-6 дена тогаш веќе треба да се аплицира ларвицидната, да се третираат водите. Така што, ние сѐ уште имаме време за третирање комарци, вели  Д-р Николина Соколовска – Раководител во одделението за дезинфекција, дезинсекција и дератизација при ЦЈЗ – Скопје.“

Телма се обиде да добие детали од Град Скопје, но засега нема одговор, што стана пракса при комуникацијата на градската власт со медиумите.

Во меѓувреме, градоначалничката Арсовска е ангажирана во кампањата за парламентарните избори.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе