Италија побара од Словенија привремена суспензија на Шенгенскиот договор

360
Фото: EPA-EFE/PAOLO SALMOIRAGO

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека Италија побарала од Словенија привремено да го суспендира Шенгенскиот договор поради опасност од инфилтрација на терористи. Од словенечкото Министерство за внатрешни работи велат дека се уште немаат добиено официјално известување за ова. Контролите на италијанско-словенечката граница се во сила до 18 јуни, а потоа Италија треба да одлучи за нивно продолжување или укинување.

Италијанската новинска агенција „Анса“ во недела ја пренесе изјавата на италијанскиот министер за надворешни работи и вицепремиер Антонио Тајани, кој говорејќи на конгресот на Јужнотиролската народна партија (СВП) во Мерано, рече дека Италија „побарала привремено суспендирање на Шенгенскиот договор со Словенија поради опасност од инфилтрација на терористи меѓу бегалците кои преку оваа земја доаѓаат од Блискиот Исток“.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси минатиот октомври кога беше воведена гранична контрола изјави дека источната граница на Италија е точка на пристигнување на илегални бегалци од т.н. балкански рути. Тој нагласи дека меѓу нив има и терористи поврзани со џихадот и Исламската држава, а италијанските власти имаат намера да ги одвратат од илегални гранични премини со гранични контроли.

Според податоците кои ги објави Пиантедоси, полицијата во првите пет месеци од надзорот на словенечката граница влегла во трага на 2.200 странци со нерегуларен статус. На повеќе од 1330 им бил одбиен влез во земјата, а 118 биле уапсени, од кои 65 биле за помагање и поттикнување илегална миграција.

Словенечкото МВР соопшти дека не добиле официјално известување од италијанското Министерство за внатрешни работи за продолжување на контролата на италијанско-словенечката граница. „Италија од октомври минатата година поради променетата ситуација во Европа и на Блискиот Исток и зголеменото ниво на закана поради тероризмот, а контролите на италијанско-словенечката граница се во сила до 18 јуни“, додаваат од словенечкиот МУП.

Поради најавата на италијанските власти за суспензија на Шенгенскиот договор со Словенија, Клубот на пратеници на опозициската Словенечка демократска партија (СДС) бара свикување итна седница на собраниската Комисија за внатрешни работи, државна управа и локална Самоуправа. „Сметаме дека последниот потег на Италија покажува недоверба во словенечката политика и успех во спречувањето на илегалната миграција и затоа предлагаме да се свика итен состанок на кој подетално ќе се разговара на оваа тема“, соопштија од партијата на Јанша.

Италија во октомври минатата година воведе гранични контроли со Словенија. Словенија потоа воведе привремена контрола на внатрешната шенген граница со Хрватска и Унгарија на 21 октомври минатата година. Како што објаснуваат од министерството, станува збор за времена мерка поради зголемена закана од тероризам, а контролата ќе трае до 22 јуни. Од министерството додаваат дека интензивно ги проучуваат можностите за продолжување или укинување на граничните контроли.

Министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар на крајот на април изјави дека одлуката дали Словенија ќе ги продолжи граничните контроли со Хрватска и Унгарија ќе биде позната во наредните денови. Тој посочи дека ситуацијата на Блискиот Исток е влошена од октомври кога Словенија воведе контрола, пренесува „Тпортал“.