Радио Милева ранлив

Бен Афлек призна: „Се срамам поради сѐ“ (фото)

Бен Афлек призна: „Се срамам поради сѐ“  (фото)

Актерот Бен Афлек ги откри деталите за разводот со Џенифер Лопез, но и колку е близок со својата прва сопруга Џенифер Гарнер.

Холивудскиот актер Бен Афлек ги откри деталите од колапсот на бракот со Џенифер Лопез, но многу повеќе зборуваше за тоа што го поврзува со неговата прва сопруга Џенифер Гарнер.

Во искреното интервју за британскиот GQ, Афлек (52) се присети дека ја обновил својата романса со актерката и пејачка Џенифер Лопез (55) во 2021 година.

Како што е познато, новата љубов, а потоа и двегодишниот брак не траеше долго. Џеј Ло поднесе барање за развод во август минатата година.

„Немаше никаков скандал, ниту интрига“, рече Афлек и додаде: „Не сакам да зборувам премногу за тоа, се срамам за сѐ. Се чувствувам ранлив“, истакна Афлек.

фото: printscreen/instagram/benaffleckkofficial

 

To top