Поврзете се со нас

НБА

Балканците поставија нови стандарди: Јокиќ и Дончиќ направија нешто што не му успеало на ниту еден друг во НБА лигата (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Последното коло во НБА лигата донесе разврска за плејин фазата во НБА лигата, но исто така отворено беше и прашање за првото место на Западот.

Оклахома со победа ја оствари зацртаната цел и го остави Денвер зад себе на табелата, а крајот на регуларниот дел од сезоната ги натера Американците да ги анализираат најдобрите индивидуалци во лигата, а тоа се европските кошаркари Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Двајцата водат директна битка за МВП титулата и по се изгледа истата ќе заврши во рацете на Србинот, кој со тоа по трет пат би бил прогласен за најдобар кошаркар во најсилната лига во светот.

Бројките се на негова страна и велат дека Јокиќ е првиот кошаркар во историјата кој влегол во топ 10 во сите најважни четири статистики на крајот од една сезона, а тоа се проигрувањата, фатени топки, постигнати поени и одземени топки.

Од друга страна, Дончиќ стана првиот европски кошаркар кој ја завршил сезоната како најдобар поентер во НБА лигата, односно втор странец после Џоел Ембид.

Словенецот ја заврши сезоната со просек од 33,9 поени по натпревар, а со самото тоа ги остави зад себе Јанис Адетокумбо кој имаше просек од 30,4 поени и Шеј Гилџес Александер со 30,3 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни