Мбапе прифати предизвик за кој вели дека нема да го добие

Килијан Мбапе доби предизвик и веднаш прифати да се соочи со спринтерската легенда, Јусејн Болт во трка на 100 метри.

Истата доаѓа откако напаѓачот на ПСЖ и француската федерација оваа дистанца ја истрча за време од 10.9 секунди на натпреварот против Реал Сосиедад, но и покрај тоа очекува пораз.

„Се будев рано наутро да ги гледам неговите трки. Му се дивев. Трката ќе биде забавна. Не очекувам победа, но зошто да не се сретнеме еден ден кога и двајцата ќе имаме време за тоа и зошто не би направиле заедно нешто убаво“, изјави Мбапе прифаќајќи го предизвикот.

Јамајканецот Болт кој својот последен официјален настап на еден турнир го имаше во 2017 година во доминантните години освои осум златни медали на Олимписките игри и е светски рекордер во делниците на 100, 200 и 4х100 метри.

Се вчитува...