Фудбалерот кој не му честиташе на Белингам, следната сезона нема да го носи Кралскиот дрес

Реал Мадрид во неделата со 3:2 ја совлада Барселона во најголемото светско фудбалско дерби, и тоа благодарение на голот на Џуд Белингам во судиското продолжение, но еден фудбалер на Кралевите не се радуваше на голот за победа и тоа може многу да го чини.

Според порталот „Дефенса сентрал“, кој има одлични врски со управата на Реал Мадрид, по голот на Белингам, освен на трибините на „Сантијаго Бернабеу“, ерупција од воодушевување имаше и кај играчите на Реал Мадрид, освен кај младиот турски репрезентативец, Арда Ѓулер.

Споед порталот, Ѓулер бил единствениот фудбалер на Реал Мадрид кој не станал од клупата и не истрчал кон Белингам за да го прослави голот за победа и тоа може многу да го чини.

Тренерот Карло Анчелоти му порача на претседателот Флорентино Перес дека нема да смета на Ѓулер следната сезона и дека слободно може да му бара нов тим на турскиот фудбалер за следната сезона.

Иако Ѓулер минатото лето во Реал Мадрид пристигна како голема ѕвезда, тој сезонава одигра помалку од 100 минути и следната сезона ќе биде испратен на позајмица, најверојатно во друг шпански прволигаш.

- Оглас -

Најнови вести