Се испишува историја: судијата снима со камера, Бруно првпат во кариерата пропушта меч поради повреда

Натпреварот помеѓу Кристал Палас и Манчестер јунајтед кој се игра во моментов, е историски поради две работи.

За првпат на еден премиерлигашки меч, главниот судија носи и камера, која му е закачена кај увото, покрај микрофонот кој го носи за комуникација со помошниците и колегите од ВАР собата.

Бруно Фернандеш од Манчестер за првпат во неговата клупска кариера пропушта меч поради повреда. Тој низ кариерата има отсуствувано поради суспензија или болест, но никогаш поради повреда, сега првпат го нема поради повреда и тоа е новина за Португалецот.

- Оглас -

Најнови вести