„Волчицата“ не дозволи радост за Наполи: Абрахам во 89. минута донесе бод за Рома (ВИДЕО)

Наполи не успеа да се доближи бодовно до Лацио во битката за европски излез следната сезона, откако ремизираше (2-2) пред своите навивачи со Рома во 34. коло од Серија А.

Наполитанците беа пред победа откако успеаја со пресврт да дојдат до предност на мечот од 2-1 по водството на Рома во 59. минута со голот од пенал на Дибала.

Но, Оливера во 65. минута погоди за 1-1, а Осимен во 85. минута од пенал стрелаше и за 2-1.

Сепак, тоа не беше доволно за победа на Наполи. Абрахам во 89. минута погоди за Рома за конечни 2-2.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...