Тој нагласи дека Штип и македонскиот исток многу добро знаат колку е значајно и инвестирањето во патната инфраструктура, а како што рече, речиси и да нема патна врска која не е обновена во источниот регион благодарение на развојните политики на СДСМ
Мојата енергетска визија е нашата држава да биде европски шампион за производство на енергија од нашето македонско сонце, порача вечерва премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски од партиската трибина во Штип.
„Први во регионот сме според енергетска трансформација и се позиционираме како иден зелен центар на Европа. Само во изминатите 10 месеци од мојот мандат 27 мегавати фотоволтаични централи имаме пуштено во употреба“,
рече Ковачевски.
Тој нагласи дека Штип и македонскиот исток многу добро знаат колку е значајно и инвестирањето во патната инфраструктура, а како што рече, речиси и да нема патна врска која не е обновена во источниот регион благодарение на развојните политики на СДСМ.
„Автопатот Штип-Скопје го довршивме, го направивме експресниот пат Штип-Радовиш вреден 64 милиони евра, патот од Три круши до Штип, клучката на влезот од градот, транзитниот правец, експресниот пат Штип – Крупиште вреден 20 милиони евра и многу други проекти кои се направени и завршени од СДСМ. Денеска бев на увид на експресниот пат од Крупиште до Кочани којшто е во завршна фаза. Вредноста на овој проект е 18 милиони евра и е многу значен за целиот овој регион, за истокот“,
рече Ковачевски.
СДСМ, додаде тој, изгради патишта во должина од околу 1 300 км, додека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, во 10 години, изградени се само околу 650 км патишта низ земјата.
„Огромна е разликата. Европска Македонија се гради и се поврзува. Модерната патна инфраструктура е важна и за граѓаните и за компаниите, но и за новите инвеститори. Новите инвестиции значат и нови, подобро платени работни места, а за тоа да се случи, инвестициите во инфраструктуарата, квалитетните патишта се еден од предусловите“,
додаде Ковачевски.