После поразот од првото коло од Шведска, женската репрезентација на Македонија денеска го игра вториот меч против Турција. Овој дуел е најважниот за ракометарките по секоја основа. И селекторот Грчевски пред ЕП кажа дека целиот фокус ќе биде ставен на натпреварот со Турчинките, за пласман на третото место на табелата.
Убедливиот пораз од Шведска е веќе заборавен, па целиот фокус е ставен на денешниот меч. Македонија против Турција има само една победа на последните пет меча, но сега е време да се сруши таа традиција.
Голманката на нашиот национален тим Јована Мицевска за ЕКИПА вели дека секоја ракометарка ќе го даде максимумот за победа над Турција.
„Речиси целите подготовки за Европското првенство се подготвувавме за овој меч. Верувам дека сме подготвени, и денеска одиме на се или ништо. Сите сме добро мотивирани, и сум 100 проценти сигурна дека секоја од нас вечерва ќе го даде максимумот. Се надевам дека на крајот ќе оствариме победа, и ќе ја израдуваме цела Македонија“, рече Мицевска.
Мечот започнува вечерва во 20:30 часот во Дебрецен, Унгарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА