Не е само Баерн: Зидан го сака уште еден познат клуб

од Симе Стоиков

Според добро информираниот извор на Лекип, легендарниот Французин будно ги следи случувањата на Олд Трафорд и дури повеќе би сакал да го преземе Манчестер Јунајтед отколку Баерн.

Претходните денови светските медиуми пишуваа дека Зинедин Зидан е првиот избор на Баерн за наследник на Томас Тухел, кој сигурно ќе си замине на крајот од сезоната. Како кандидати се споменуваат Италијанецот Роберто Де Зерби од Брајтон и Германецот Ралф Рангник, моментално селектор на Австрија и поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед.

Славниот англиски клуб со години се обидува да го најде вистинскиот тренер откако Алекс Фергусон се пензионираше во 2013 година, но не успеа. Во меѓувреме, на „Олд Трафорд“ работеа Дејвид Мојс, Рајан Гигс (како играч-менаџер), Луис Ван Гал, Жозе Мурињо, Оле Гунар Солскјер, Ралф Рангник и моментално Ерик Тен Хаг.

Овој последниот го води тимот од 2022 година, но се повеќе ја губи довербата на челниците на клубот.

Слични содржини