(ВИДЕО) Куп на Шпанија: Атлетик го совлада Атлетико во Мадрид, Гризман мина без казна за грубиот старт

Атлетик Билбао стекна гол предност по првиот полуфинален меч во шпанскиот „кралски куп“ победувајќи го Атлетико, на гости во Мадрид, со 1:0. Реваншот се игра во Билбао на 29 февруари.

Претходно натпреварот, исто така полуфинален, во вторникот, меѓу Мајорка и Реал сосиедад, заврши без голови.

Предноста пред реваншот на домашниот стадион „Сан Мамеш“, Атлетик ја обезбеди со голот на Алекс Беренгер во 25. минута од белата точка.

Атлетико напаѓаше до крајот и се обидуваше да израмни, па и да направи пресврт, но Баскијците ги одбија сите напади и славеа голема победа.

Натпреварот го одбележа и спорната ситуацијата во 42. минута кога Антоан Гризман грубо стартуваше над Оихан Сансет. Судијата тоа не го казни ниту со жолт картон, што создаде доста нервоза.

Atlético de Madrid 0 – 1 Athletic Club | Griezmann’s tackle on Sancet, no card – 42′
byu/MrVISKman insoccer

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО