НЛБ Банка АД Скопје поднесе Предлог-одлука за определување износ на дивиденда и утврдување дивиденден календар на кое Собранието на 29.05.2023 година треба да ја донесе.
Согласно со Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по Годишната сметка и финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2023 година, на акционерите ќе им исплати дивиденда во бруто-износ од 2.251.304.796 МКД.
Износот на бруто-дивидендата по акција изнесува 2.636 денари.
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 10.06.2024 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 11.06.2024 година.
Исплатата на дивиденда ќе започне на 25.06.2024 година.
НЛБ Банка АД Скопје во 2023 година оствари добивка на износ од 3.216.859.548 денари.