• сабота, 18 мај 2024

Бојмацалиев: Вложени 45 милиони денари за реконструкција на станиците во Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и Кривогаштани

Бојмацалиев: Вложени 45 милиони денари за реконструкција на станиците во Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и Кривогаштани

Скопје, 15 март 2024 (МИА) - Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска оствари работни средби со раководствата на СВР Битола и Одделенијата за внатрешни работи во Прилеп и Крушево во рамки на серијата посети што ги реализираме во сите сектори ширум земјава како би се запознале одблиску со постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и со евентуалните проблеми во рамки на работниот процес, соопшти МВР.  
 
Од страна на раководството на СВР Битола Бојмацалиев бил брифиран за постигнатите резултати на оваа организациска единица, при што беше оцененат безбедносната состојба како поволна и без поголеми нарушувања на ЈРМ.

 
-Изминативе шест години на подрачјето на СВР Битола реконструирани пет објекти и тоа: СВР Битола, ОВР Прилеп, ОВР Ресен, ОВР Крушево и Полициско одделение Кривогаштани кои беа со децении запоставени. За сите посочени пет објекти издвоивме средства од Буџетот на МВР во износ од 45 милиони денари кои според сегашниот квалитативно видоизменет градежно-инфраструктурен облик целосно ги задоволуваат бараните критериуми за непречено функционирање на полициските служби во интерес на подобрување на услугите на граѓаните од овој регион, рекол Бојмацалиев, со уверување дека вработените од СВР Битола ќе продолжат со несмален интензитет во полициското работење, а со цел одржување на поволна безбедносна состојба и гарантирање на фер и демократски Изборен процес што ни претстои наредниов период.

За време на посетата на Крушево, Бојмацалиев остварил средба со градоначалникот Томе Христовски на која била констатирана одличната соработка меѓу полицијата и локалната самоуправа, во насока на безбеден изборен процес. По средбата, Бојмацалиев го посетил и вечното почивалиште на Тоше Проески каде што положи цвеќе во знак на почит на прерано загинатата музичка ѕвезда. сст/нд/

фото МВР

Остани поврзан