Груби и Агелер зборувале за уставните измени, ЕУ интеграцијата, реформите и ветингот: „Македонија нема време за губење“

од Vladimir Zorba

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска се сретна со новата амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер, на која и посака успешно враќање во нашата земја во новата дипломатска мисија.

Груби и Агелер на оваа средба разговарале за потребата од уставни измени, интеграцијата на земјата во Европската унија, реформите во земјата, политичката ситуација и процесот на ветинг.

Уставните измени се оценети како од особено значење поради тоа што се услов за продолжување на европскиот пат. На средбата беше оценето дека земјава нема време за губење.

Понатамошната интеграција на Западен Балкан во Европската Унија е дополнителна гаранција за стабилност и просперитет во овој дел од Европа, а САД, како сојузник на Северна Македонија, продолжуваат да ја покажуваат својата поддршка за завршување на интегративниот процес.

„Секој успех на нашата земја е постигнат во соработка со Соединетите Американски Држави“, се вели во соопштението.

Функционирањето на владината коалиција беше оценета квалитативно и Груби истакна дека европскиот пат бара заеднички фронт на сите прогресивни сили, додека САД остануваат силно посветени на поддршката на Република Северна Македонија на патот на реформите за да се овозможи функционална демократија и стабилна .

На средбата се разговарало и за предлогот за ветинг што треба да ги вклучи сите, од политички личности, судии и обвинители како форма на борба против корупцијата и акција која гарантира суштинска контрола на функционерите пред да бидат избрани на функцијата.

Груби изразил благодарност за американската помош и поддршка за еднаквост, демократија и интеграција на нашата земја во последните три децении.

Слични содржини