Побарав написмено известување да не биде „разбрал – не разбрал. Децидно ми беше речено дека нема ниту една европска директива за која вие го врзувате предлог законот за игри на среќа. Јас не навлегов во содржината на законот – 200 метри, 500 метри, монополизација, дигитални медиуми, коцкање преку интернет, коцкање во живо, рече Стево Пендаровски, претседателски кандидат на СДСМ и коалицијата, во вечерашното интервју на Телма ТВ.
„Пишува долу во втората реченица, тоа е злоупотреба на европското знаме. Три месеци претходно, во извештајот за напредокот на комисијата, пишува дека во Македонија многу често се става европското знаменце, колку да се избегне поширока дебата. И плус со писмен доказ, да не кажам сега и усмено ми беше речено, дека ако и овојпат се оглушиме на тоа предупредување, кога и на писмено ви е дадено, можеби некој ќе се посомнева дека јас имам некаков интерес во тоа како институција. Бидејќи немам никаков интерес, реков дајте да се вратиме назад и немојте со европско знаменце. Нека се соочат сите факти“, нагласи Пендаровски кој го искористи суспендивното вето за законот за игри на среќа.
Пендаровски за себе вели дека е непробоен.
„Јас практично сум непробоен. Јас сум 25 години на јавната сцена, нема една единствена инстанца во која некој рекол „сум го платил Стево Пендаровски“. На таа точка, без податоци, мене не можеш да ме добиеш, па не знам колку пропаганда да вадиш“, истакна Пендаровски.