Јокубаитис ќе ја напушти Барселона

Рокас Јокубаитис ќе ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона.

Репрезентативецот на Литванија најави дека ќе игра во Летната лига во Соединетите Американски Држави и ќе се обиде да избори договор со некоја НБА франшиза.

Доколку тоа не се случи, Жалгирис е првиот фаворит за неговиот потпис. Јокубаитис во пред четири години токму од Жалгирис се пресели во Барселона.

Во текот на оваа сезона во Евролигата, Јокубаитис на теренот минува 16:39 минути и за тоа време во просек бележи 5,7 поени, 1,8 скока и 3,2 асистенции.

Текстот Јокубаитис ќе ја напушти Барселона е превземен од МАКФАКС.