Грк ќе го менува Имобиле во Лацио

Италијанскиот тим Лацио се насочи кон ангажман на Фотис Јоануидис, како заменик за Чиро Имобиле кој веројатно ќе си замине по завршувањето на  сезоната. Меѓутоа италијанскиот тим се соочува со конкуренција, со оглед дека и тимот на Вест Хем е заинтересиран за напаѓачот на Панатинаикос.

Имобиле оваа сезона игра под очекувањата. Постигна само шест гола на 27 меач во Серија „А“. Се појавија шпекулации дека ќе си замине од тимот, иако навивачите не ја загубија вербата во него.

Од Лацио сигурно заминува Фелипе Андерсон кој ќе се врати во Бразил, и покрај тоа што информациите говореа за интерес од страна на Јувентус.

Се вчитува...