Вести Македонија Топ вести

ССМ ќе протестира пред Врховниот суд и Министерството за здравство

Сојузот на синдикати на Македонија најави серија протести во претстојниот период поради незадоволството од пресудата на Врховниот суд но и од фактот што вработени во неколку сектори во државната администрација нема да добијат повисоки плати како усогласување со покачувањето на минималната плата.

Идната недела ќе се одржи протест во знак на незадоволство од одлуката на Врховниот суд со која се одзема сопственост врз зградата на ССМ. Претседателот на ССМ, Трендафилов и уште седумнаесет членови денес поднесоа иницијатива до Уставниот суд за оцена на пресудата на Врховниот.

Вториот протест е закажан на 8 април пред министерството за здравство бидејќи над 20 илјади работници во овој сектор нема да добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата односно зголемување за околу 2.500 денари

Од ССМ соопштија дека засега не добиле повик за средба од било која политичка партија, за разлика од стопанските комори.

Од идната Влада, без разлика за која политичка гарнитура станува збор, очекуваат во првите сто дена да ја покачи минималната плата на 450 евра односно 27 илјади денари и да се извади додатокот за храна и превоз од бруто платата.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вреди и ВМРО-ДПМНЕ согласни за заедничка влада по изборите

Дејан Дејан

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе