Георгиевски: Заеднички го креираме буџетот за 2023 година, Општина Илинден работи во служба на граѓаните!

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, информираше дека продолжува со интензивна комуникација со граѓаните во сите населени места во Општината, со цел да ги слушне идеите и предлозите на граѓаните за креирање на буџетот за следната година. 

Тој вети дека предлозите ќе се анализираат и според финансиските можности, ќе се остваруваат.

-Продолжуваме со интензивна комуникација со граѓаните во сите населени места, каде заедно со службите сум на терен и се обидуваме да доставиме анкетни прашални листови до секој дом и граѓанин, со цел да им овозможиме да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за идната година. Сите предлози на граѓаните темелно ќе ги анализираме и сите според финансиските можности, остварливоста и издржливоста ќе ги инкорпорираме во плановите за работа во буџетските програми. Анкетните прашалници можат да ги достават и преку електронски пат (ilinden@ilinden.gov.mk) со пополнување на анкетен лист/прашалник на нашиот сајт www.ilinden.gov.mk, или да ги достават во архивата на Општината секој работен ден до 30.11.2022 година - информираше Георгиевски.