Реал по продолжение го доби мадридското дерби за пласман во полуфинале! (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид дојде во водство уште во 19. минута кога по една убава акција Алваро Мората постигна гол за водство од 1-0.

Гостите долго време водеа на Сантијаго Бернабеу, конечно во 79. минута се случи магија на Родриго кој постигна гол за израмнување на 1-1.

Тоа беше конечниот резултат по 90 минути игра, мечот продолжи во двапати по 15 минути.

Савиќ за две минути успеа да добие два жолти картони, во 99. минута Атлетико Мадрид остана со фудбалер помалку, тоа максимално го искористија домаќините.

Пронајдете не на следниве мрежи: