ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Избори 2024 Охрид ТОП ВЕСТИ

За гласање на претседателските избори во Охрид се пријавени 172 болни и изнемоштени лица

Охрид, 18. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – За претстојните претседателски избори во Охрид за гласање се пријавиле вкупно 172 болни и изнемоштени лица, информираат за Супер радио и OhridPress од Општинската изборна комисија (ОИК Охрид).

Додаваат дека сите пристигнати пријави биле прифатени. Овие граѓани своето гласачко право во домашни услови ќе го остварат во вторник, 23-ти април.

Од ОИК неодамна информираа дека променета е локацијата на 8 избирачки места на територијата на Општина Охрид:

– ИМ 1271, од МЗ „Билјанини избори“, улица „Мирче Ацев“ број 31, префрлено е во ЈЗУ Општа болница (Модуларна), на улица „Сирма војвода“ број 1.

– ИМ 1260, од приватен објект на улица „Даме Груев“ е префрлено во ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид (Гимназија).

– ИМ 1297, од хотел „Бетон“ е префрлено во Основното училиште во селото Долно Коњско.

– ИМ 1281 и 1281/1, се префрлени од приватен објект во населбата „Видобишта“ во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, на улица „Живко Чинго“ број 1.

– ИМ 1283 и 1283/1, се префрлени од приватен објект на улицата „Момчило Јорданоски“ во ОУ „Христо Узунов“, на улица „Питу Гули“ број 128.

– ИМ 1267, е префрлено од МЗ „Железничка“ во приватен објект на улица „Железничка“ број 104 А. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука