БИТКАТА НА СЕН-СОЛИН: Масовен крвав судир меѓу француската полиција и демонстрантите КАКО ДА ЗАПОЧНА ВОЈНА (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

За време на протестот против пензиските реформи во Франција, вистинска епска битка се случи во близина на Сен Солин, каде се собраа илјадници луѓе, меѓу кои и многу радикални активисти.

БИТКАТА НА СЕН-СОЛИН: Масовен крвав судир меѓу француската полиција и демонстрантите КАКО ДА ЗАПОЧНА ВОЈНА (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Според обвинителството, итните служби укажале на седум повредени демонстранти, од кои тројца потешко, а повредени се 28 жандарми, од кои двајца веднаш се пренесени во болница. Повредени се и двајца новинари.

Но, организаторите говорат за 200 повредени демонстранти, од кои, велат, еден е во кома.

Според властите, во Сен Солин се собрале најмалку 6.000 луѓе, додека организаторите на протестите тврдат дека имало 30.000. Тие протестираа против изградбата на отворен резервоар, наменет за наводнување на земјоделството, за кој долго време се спорат.

Пред нив се испречија повеќе од 3.000 жандарми и полицајци мобилизирани да го бранат локалитетот.

На местото, кое личи на средновековен бастион со бедем опкружен со полиција, жестоките судири траеја околу еден час, а сцената на немирите наликуваше на воена сцена, со силни детонации и запалени возила.

Напаѓачите користеле, меѓу другите проектили, „огнометни минофрлачи, римски свеќи и молотови коктели со голем капацитет“, според жандармеријата, која одговорила со 4.000 гранати солзавец и употреба на ЛБД.

Според обвинителството, за време на демонстрациите немало уапсени. Единаесет лица се уапсени возводно за време на проверки кои довеле до запленување на голем број оружје.

Властите и организаторите меѓусебно се обвинуваат за конфликтите.

Базенот во Сен Солин е дел од комплетот од 16 резервоари, со вкупен капацитет од шест милиони кубни метри, планирани од задруга од 450 земјоделци со државна поддршка.

Тие имаат за цел да складираат вода што се црпи од површинските води во зима за да ги наводнуваат посевите во лето кога врнежите се ретки, велејќи дека тоа е услов за опстанок на фармите соочени со закана од повторливи суши.

Трошокот за изградба е 70 милиони евра, а 70% е финансиран од јавни средства во замена за усвојување на агроеколошки практики од страна на корисниците. Противниците на проектот го осудуваат „крадењето“ на водата од „агроиндустријата“ и бараат да се прекине.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.