Феникс 2010 се засили со кошаркар кој настапувал во НБА за Хјустон и Портланд (ФОТО)

Феникс 2010 продолжува со промените во своите редови. Скопскиот клуб пред само неколку дена го официјализираше потписот на Џордан Такер, а сега го потврди и Тим Квартермен. Станува збор за кошаркар кој ја покрива бековската позиција и со себе носи НБА искуство настапувајќи за Хјустон и Портланд.

Искусниот 28-годишник колеџ кариерата ја поминал во редовите на Универзитетот Луизијана каде во последната сезона бележел просек од 11.2 поени, 4.6 скока и 3.6 асистенции, а покрај НБА лигата настапувал и во Џи-лигата, Израел, Мексико и Нов Зеланд.

Се вчитува...