Интервју со нашиот најмлад комичар Александар Георгиевски – G Vision – “Саканата ќе ја запросам на сред настап”

Правник, актер, текстописец, комичар, спортист, советник… Сите овие улоги успеал да ги врзе до својата 20-та година. Вели дека животот го сфаќа како дискографија составена од сите улоги кои ги добил и за него животот значи кога една улога завршува, започнува друга улога . Денешното интервју го посветуваме на Александар Георгиевски, најмладиот комичар во земјава и најверојатно регионот.

1. Си играл во филмови и претстави, се занимаваш со Стенд Ап… Зошто Правен а не ФДУ?


  • Од секогаш сум бил сестрана личност… Сум сакал многу работи и сум бил неодлучен, не сакам да се насочам само на едно нешто сакам да сум повеќестран лик… Кога се запишував на факултет хуморот и сатирата ми беа само хоби, не се надевав дека ќе стигнам до тука.

2. Дали Александар Георгиевски има идоли?

  • Нормално. Многу… Јас сум човек што почитува успеси и немам проблем да учам од успешни луѓе, напротив, уживам.
    Роналдо ми бил од секогаш идол и репер со својата работа и труд докажа дека се е возможно. Имам и други, Енрике Иглесијас, Модриќ, Коби Брајант, Курт Кобејн, Бајага, Икер Касиљас, Серхио Рамос, Владо Јаневски, Кире Лазаров….

3. Александар Георгиевски или G Vision?


  • И двете. Битно ми е да ме знаат луѓето кој сум, како ќе ме викаат не ми е многу битно, и двете имиња се дел од мојот идентитет, едното ми е родно име а другото ми доаѓа од профилот и е уметничко име…

4. Дали ти годат негативните коментари?

  • Не. Знам да обрнам внимание на оние кои се конструктивни, добронамерни, ако некој подобар или поискусен од мене ми укаже на грешки или каже каде да се подобрам тогаш тие коментари ги сакам. Ама коментари кога некој сака да се изживува и да навредува и мисли дека со тоа ќе ме погоди, таква желба не му исполнувам.

5. Дали како правник Александар е сериозен лик?


  • Александар е сериозен и како правник и како комичар.
    Луѓето имаат друга перспектива и можеби ова му изгледа како шала ама најтешко е да насмееш некого. Многу полесно е да го растажиш. Видете во кинотека колку има хорор и трилер а колку комедии. На 100 хорори една комедија. Тоа е сериозна работа и бара многу вложување и труд. А како правник тие кои ме познаваат поготово колегите знаат каков можам да бидам во таа улога. Сум бил и советник сум бил и координатор, сум раководел со луѓе, проекти и сектори, колку и да сум флексибилен и да гледам да наметнам пријателски однос со сите на кои сум бил надлежен, сепак тоа е одговорност која бара сериозност па и строгост ..

6. Дали Александар Георгиевски е задоволен од постигнатото?

  • Да. Многу сум среќен. Нормално дека секогаш може повеќе и дека пред мене има многу години ама јас уживам и сега. И во успесите и во грешките. Нема поубаво нешто од да работиш и заработуваш пари од нешто што би го правел и за беспари. Приватно јас не му наплаќам на блиските за тоа што ги засмејувам. Едноставно потребата и гладта ми е да ширам смеа и јас тоа го правам…

7. Какви ти се плановите со стендап за иднината?

  • Планирам да клекнам и да ја запросам саканата на настап. Така и да каже “НЕ” нема да се избрукам пред сите, публиката ќе мисли дека ова е шега и испланирано сценарио. (се смее)
    Се шегувам… Искрено не знам не планирам оставам се така да оди, спонтаните работи се најубави, ако планирате и очекувате тогаш лесно доаѓа до разочарување…

8. Што би му кажал на оној Александар Георгиевски пред 10 години?

  • ” Земи и учи за поп… Таму се парите, не се глупирај со право и гимназија ќе се каеш еден ден…”

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …