fbpx

Уапсени 11 лица за терористичкиот напад во Русија вчера

Повеќе од 140 лица се повредени и 93 загинаа откако вооружени напаѓачи отворија оган на концерт во Крокус вчера, соопштија руските разузнавачи.

-

Повеќе од 140 лица се повредени и 115 загинаа откако вооружени напаѓачи отворија оган на концерт во Крокус, предградие на Москва вчера, соопштија руските разузнавачи.

Напаѓачите употребиле запалива течност за да запалат делови од концертната сала и при нападот биле облечени во воени униформи.

11 лица се уапсени а 4 од нив биле директно вклучени во нападот, јавува Би-би-си. 

Безбедноста е зајакната низ Русија, а настаните се откажани бидејќи националната гарда ги бара напаѓачите и ги испраќа своите истражители на местото.

Итните служби работат на расчистување на урнатините, запленување докази и прегледување на снимките од видео надзор.

Инаку, Американската амбасада во Русија пред две недели, на 7 март, издаде безбедносно предупредување до граѓаните на САД, барајќи од нив „да избегнуваат големи собири во следните 48 часа“.

Амбасадата, исто така, соопшти дека „ги следи извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови за напад на големи собири во Москва, вклучително и концерти“.

ИзворBBc

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...