230.000 следбеници: Инфлуенсерка од Штутгарт украла облека од 1.700 евра

од Vladimir Zorba

Т.С.(22), инфлуенсерка од Штутгарт, која на Инстаграм ја следат околу 230.000 следбеници, украла брендирана облека вредна 1.700 евра од аутлет продавница во Мецинген.

Според „Штутгартер цајтунг“, инфлуенсерката била обвинета во Окружниот суд во Бад Урах (Баден-Виртемберг), а таа наводно го признала делото за кое се товари.

Според тоа, во ноември 2022 година, меѓу другото, Т.С. украла скапи џемпери и маици. Вработените го забележале ова и повикале полиција.

Т.С. стана позната низ цела Германија пред неколку години кога го тужеше средното училиште Штикхарт во Штутгарт бидејќи сметаше дека заслужува подобри оценки. Таа се скарала и со нејзината наставничка по уметност, тврдејќи дека ја малтретирала.

Родена е во Штутгарт, а на насловните страни на германските портали се најде во февруари 2023 година, кога ескалираше нејзината роденденска забава во клуб во Штутгарт.

Таа и нејзината мајка Петра (59) наводно се степале со полицајци, а судското рочиште за давање отпор на полицијата се уште трае.

Слични содржини