Зоран Лазовиќ, поранешниот помошник директор на Црногорската полициска управа и Миливое Катниќ, поранешниот главен специјален обвинител во Црна Гора, кои беа уапсени завчера во акцијата „Алфа“, се осомничени дека им помагале на  Вељко Беливук и Марко Миљковиќ легално да влезат во Црна Гора во јануари 2021 година, иако дотогаш им беше забранет влез во пренесува Вијести.

На Беливук и Миљковиќ им беше забранет влез во Црна Гора на 28 декември 2020 година, непосредно пред истекот на мандатот на тогашното раководство на Полициската управа.

Звицер тогаш славеше раѓање на дете, а и неговата сопруга Тамара ја славеше славата на Св. Јован.Посетата на Црна Гора привлекла внимание и затоа што била спречена ликвидацијата на Беливук и Миљковиќ на  аеродромот во Тиват.

По апсењето на осомничените за подготовка на ликвидацијата, која требаше да се одржи на аеродромот во Тиват, Беливук и Миљковиќ биле на распит. Беливук во сведочењето изјавил дека со Миљковиќ дошол во Црна Гора на 17 јануари на мекици на детето на Звицер.

Тој изјави и дека решиле да останат на прославата, бидејќи веќе биле таму, а на 22 јануари со лет од Тиват требало да се вратат во Белград.