Енрике: Фудбалот е некогаш толку неправеден

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике сосема очекува беше видно нерасположен по синоќешната елиминација на неговиот тим од Борусија Дортмунд во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Борусија Дортмунд и вторпат, овој пат во Париз, славеше со 1-0, па за „милионерите“ ова ќе биде трето финале во Лигата на шампионите, по 1997 година кога го победи Јувентус со 3-1, и во 2013 година кога загуби со 2-1 од Баерн.

„Објективно мораше да го добиеме натпреварот. Имавме 30 удари кон голот, дури четири пати ги погодивме дирекот и гредата, но ете фудбалот понекогаш е навистина толку неправеден“ –  истакна Енрике по мечот, дополнувајќи:

„Сакам да им честитам на Борусија Дортмунд кој е навстина одличен тим. Посакувам да победат во финалето. Ние, пак, ќе мора да се реорганизираме и следната сезона со желба за освојување на ова натпреварување“.

Луис Енрике и следната сезона останува на клупата на ПСЖ.

Се вчитува...