ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пораки од партиските лидери на финишот на изборната кампања

Пораки од партиските лидери на финишот на изборната кампања

Изет Меџити од коалицијата ВРЕДИ, денеска ги покани граѓаните да излезат да гласаат на 8 мај за, како што рече, да се запечати промената. Тој зборуваше за поддршката на дијаспората на овие избори, подвлекувајќи дека некои од нив дошле од печалба само за да гласаат.

„Прво сакам да се заблагодарам на нашата дијаспора која дојде од сите европски земји, од Скандинавија, Германија, Швајцарија, Австрија, Италија, од каде не. Тие ги напуштија своите работни места, своите семејства и се близу 10.000, кои дојдоа да ја запечатат промената што треба да се случи во албанската политика. Значи, дува ветрот на промените. И тоа ќе биде поголема мотивација за нас да бидеме тука“, рече Изет Меџити, ВРЕДИ.

Европскиот фронт оствари средба со претставници на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија на која се разговараше за имплементацијата на програмата на Комората во програмата на фронтот и Владата.
„Констатиравме заедно дека во однос на економската програма многу нешта нè обединуваат со Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, и секако останува заеднички да ги спроведеме овие политики за доброто на севкупното добро, за развојот на земјата, за отворање и продолжување на патот кон Европската унија и за доброто на граѓаните на оваа земја“, нагласи Зијадин Села, Европски фронт.

СДСМ и Коалицијата за европска иднина одржаа митинг во Струмица. Претседателот на партијата Димитар Ковачевски порача дека сите граѓани кои ќе излезат да гласаат на 8 мај ќе треба да имаат предвид дека гласањето за СДСМ е глас за утре и подобра иднина.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите граѓани на 8 мај да гласаат за опцијата која, како што рече, ќе ја врати државата во рацете на граѓаните. Ковачки повика на кохезија и единство, подвлекувајќи дека со партијата што ја претставува, законите ќе важат за сите подеднакво./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button