Сончево, но студено време

Наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринските температури ќе се движат од -5 до -14, додека двените ќе бидат во интервал од -1 до осум степени.

Во Скопје наутро многу студено, преку денот сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Максималната дневна температура ќе биде пет степени.
И утре ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури. Во недела ќе има зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег на планините и на повисоките места. Од понеделник времето ќе биде стабилно со пораст на утринските и дневните температури.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.